речник контакт

На Велес му треба отпадна депонија само каде да се лоцира?

Ќе се бара локација каде да се смести регионалата отпадна депонија, која ќе го прибира отпадот од осум општини од Вардарскиот регион.

Петар Печков

Ќе се бара локација каде  да се смести регионалата отпадна депонија, која ќе го прибира отпадот од осум општини од  Вардарскиот регион. За оваа цел ќе се изготува физибилити студија која е финансирана од Австриската ОЕК Банка. Таа за оваа цел донираше 125 илјади евра, откако претходно позитивно одговориле на апликацијата по овој проект, кој треба на модерен европски начин, со високи стандарди да управува со отпадот.

- Оваа студија, која е регионална, ќе треба да ги посочи можните локации за регионална депонија, како и моделот на управување со неа и отпадот. Проектот ќе се реализира во првата половина од следната година, во соработка со АСА, реномирана австриска компанија која работи на управување на отпад и со големо искуство во оваа област – изјави Александар Бузалков директор на  Центарот за развој на Вардарскиот плански регион кој заедно со општина Велес конкурираше за овој проект и е прифатен од ОЕК Банката. На овој начин ќе треба да се најде локација каде да се смести сметот и отпадот од осум општини и 120 илјади нејзини жители, кои ги опфаќа овој регион.

- Бидејќи во државата сеуште  нема интегрална студија, која  би ги одредила потенцијалните  локации во Македонија, затоа  е потребно ние како локална  власт да го решиме овој  постоен проблем. Затоа е неопходно стручно мислење кое ние го обезбедивме преку странска донација за да ја дознаеме можната оптимална локација на оваа регионална депонија за отпад – вели Горан Петров, градоначалник на Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »